Од:

МИМ денес ќе го открие добитникот на наградата “Никола Младенов”

Македонскиот институт за медиуми (МИМ) денес ќе ја додели наградата “Никола Младенов“ за најдобра истражувачка сторија во 2016 година.

Доделувањето ќе се одржи во Клубот на новинарите во 11 часот.

-На годинешниот конкурс се пријавија 39 автори, со вкупно 69 стории обработени во 97 текста/прилози, објавени на Интернет портали, телевизии и  во неделници, информираат од МИМ.