Од:

Министерството за финансии ќе започне преговори со Пејпал

По средбата на претставници од Министерството за финансии, Народната банка , министерствата за економија и информатичко општество и претставници од четири деловни банки во Македонија и потписниците на граѓанска иницијатива, одлучено е Министерството за финансии да се обрати до Пејпал (PayPal) за да ја отпочне постапката за воведување на услугата „прием на пари” (receive) во Македонија преку овој платежен сервис.

Со ова ќе се овозможи македонските граѓани и фирми да продаваат свои производи и услуги на светските пазар и да вршат прием на плаќања преку Пејпал.

На средбата постоело заемно расположение дека Македонија треба да се отвори и за другите платежни сервиси како Страјп (Stripe), Скрил (Skrill) и други.

Министерството за финансии ќе почне да комуницира прво со PayPal и во зависност од успехот и искуствата би требало да продолжи со другите платежни сервиси.

Иницијативата е покрената од Венко Глигоров од Логин Системи и дел од Фесјбук и Твитер заедницата.