Од:

Минута вести: Нов парламент, Ахмети не барал бинационална држава

Новите пратеници влегоа во Парламентот. На конститутивната седница пристигнаа 118, освен двајцата новоизбрани од ДПА. Седницата ја води поранешниот собраниски спикер Трајко Вељаноски. Лидерот на ДУИ, Али Ахмети, рече дека промена на устав и бинационална државе не се дел од барањата на албанските партии утврдени во документот од Тирана. Наскоро документот ќе биде јавен. Ова се дел од насловите на денот во Една минута вести на НОВАТВ на македонски и албански јазик.