Од:

Мистерија во Франција, исчезна семејство од нивниот дом

Случајот како да излегол од романите на Агата Кристи. Мистериозно и можеби перфектно убиство како што сме читале во полициските романи.

Во Орво, мало место во Франција блиску до Нант, веќе 11 дена нема никакви вести од семејството Троадек, мајката Брижит, таткото Паскал, синот Себастиен, 21 година и ќерката Шарлот, 18 години.

Што ли се случило во оваа куќа? Сестрата на Брижит, која живее во Бретања, ја известила полицијата дека нема никакви вести од роднините.

Паскал со Себастијен и Шарлот

Траги од крв

Во куќата истрагата нашла еден мобилен телефон со траги од крв. ДНК анализата утрвдила дека крвта им припаѓа на членовите на семејството.

Траги од крв имало и на други места во куќата, информираше обвинителот Пјер Сенес.

«Трагите крв се загрижувачки, тоа значи дека имало насилство. Имапше садови во лавабото на кујната и фрижидерот беше полн со храна», извести истрагата и додава дека чаршавите во спалните биле тргнати од креветите и исчезнале сите четкички за заби.

Обвинителството отвори истрага за убиство и киднапирање. Блиските на семејството сведочеле во полиција. Но сведочењата не донеле нови елементи. Единствено дека семејството немало план да замине на пат. Не било најдено ниту писмо или белешка или тестамент. Истрагата утврди дека четирите мобилни телефони на семејството се исклучиле еден по еден помеѓу утрото на 16 и вечерта на 17 февруари.

Паскал Троадек, 49 години, требало да дојде на работа на 17 февруари во фирма во која работи веќе 10 години и која произведува светлечки табли.

Мајката работи во даночната администрација на Нант. И таа не дошла на работа.

Семејството се доселило во Орво пред 10 години.

«Луѓето беа дискретни, луѓе за кои не се зборуваше во градот и кои очигледно немаа намера да имаат контакти со соседите. На почетокот си викавме «добар ден» а после и тоа престана», раскажува за француските телевизии една сосетка.

Пријател од детството на таткото расакажува за «Паризјен» дека како момче бил нормален, врамнотежен. Весникот пишува дека брачниот пар често се карал а таткото во повеќе наврати имал депресивни проблеми.

Синот психолошки нестабилен?

Децата се студенти. За Шарлот велат дека нормално се однесувала на училиште. Но за синот Себастијен велат дека бил нестабилен и пред две години бил насилен кон еден човек на кој му се заканувал дека ќе го убие.

Неговиот профил на социјалните мрежи исто така ја загрижува истрагата. Често бил на интернет и зборувал дека со татко му имал лоши односи, го навредувал таткото и зборувал за својата смрт:

«Не знам зошто живеам, добар е животот само што е репетитивен, секогаш сум сонувал за мојата смрт», напишал на Твитер во 2013 година.

Истрагата се уште не го нашла автомобилот на Себастијен.

Случајот потсетува на друг случај, исто така во Франција, недалеку од Орво.

Семејството Дупон де Лигонес

Француската полиција се уште трага во таткото Ксавие

Во 2011 година беа пронајдени телата на Агнес Дупон де Лигонес и нејзините четири деца. Семејство исто така просечно, без очигледни проблеми. Телата биле закопани под терасата на семејната куќа во Нант.

Таткото Касвиер исчезнат како пропаднат во земја. Француската полиција се уште трага по него. Истрагата се уште не може да го затвори случајот и се уште нема цврсти докази дека таткото е убиецот.

Случајност или не?

Медиумите деновиве потсетуваат на овој случај и објавуваат интересен детал: синот на Ксавие Дупон де Лигонес учел во истото училиште како и Себастијен. Можеби е само случајност? А можеби и не?

Истрагата инсистира дека се уште не можат да се извлечат заклочоци:

«Контекстот на тешко насилство му претходи на исзченувањето на семејството Троадек и тоа е утврдено. Но причините за ова се уште не се определени и не ни дозволуваат да кажеме дали станува збор за семејна драма или интервенција на едно или повеќе лица кои не биле дел од семејството. На овој степен на истрагата е прерано да се дадат имиња на лица кои би биле осомничени», изјави обвинителот.

Мистеријата продолжува.



Comments are closed.