Од:

ММФ прогноза: Македонија со економски раст од 3,2 проценти во 2017

Меѓународниот монетарен фонд (ММФ) предвидува раст на македонската економија оваа година од 3,2%.

-Нашата нова проекција за 2017 година во април е повисока од онаа што ја очекувавме во последната проекција. Ова подобрување произлегува од добрите економски движења од Европа и Азија, како и нашите очекувања за поголем раст во САД оваа година, констатира ММФ во извештајот од пролетното заседание во Вашингтон.

Од земјите во регионот, највисока стапка на раст во 2017 година ММФ предвидува за Албанија (3,7%), 3,5% раст ќе забележи економијата на Косово. По нив следуваат: Црна Гора со 3,3%, Србија и БиХ со 3%, Бугарија и Хрватска со по 2,9%. Словенечката и турската економија ќе евидентираат раст од 2,5%, додека грчката економија ќе порасне за 2,2%.

Американската економија се очекува да забележи раст од 2,3% во однос на 1,6% минатата година. Проекциите за раст на еврозоната се на ниво од 1,7% исто колку и во 2016 година. ММФ очекува јапонската економија да забележи раст од 1,2% што е повеќе во споредба со растот од 1% лани, а за Кина се предвидува пораст на економијата од 6,6%.