Од:

Мобилност на „Камп Ноу“: Алегри во радарот на Барселона

Масимилијано Алегри е на желбениот список на Барселона за преземање на позицијата на Луис Енрике кој најави дека се повлекува на крајот на сезоната. Каталонците, според пишувања на медиуми, веќе направиле и конкретен чекор пришто понудиле 8,5 милиони евра годишна плата во обид да го привлечат актуелниот менаџер на Јувентус.

Претставници на клубот од „Камп Ноу“ отпатувале во Торино на тет-а-тет средба со Алегри. Преговорите за личните услови се случиле пред реваншот меѓу Јувентус и Порто во осминафиналето во Лигата на шампиони. Доколку предводникот на „старата дама“ го прифати понуденото, тогаш на Барселона ќе мора да се договори и со управата на италијанскиот првак со кој тренерот е под договор до 2018 година.

Луис Енрике најави дека се повлекува од кормилото на Барселона по завршување на сезоната, а клубот излезе со ветување дека новиот тренер на екипата ќе биде промовиран на 1 јули.