Од:

MOФ и Метаморфозис: Конференција е-Општество „Млади и медиуми“

Младински образовен форум (МОФ) и Метаморфозис ви ја најавуваат деветата конференција е-Општество „Млади и медиуми“ ќе се одржи на 7 и 8 февруари 2014 година, во Младинскиот културен центар во Скопје, Македонија.

е-Општество: Млади и медиуми е дводневна конференција која ги истражува медиумите од младинска перспектива, медиумите под водство на млади, медиумската писменост, квалитетот на информации, активизмот на дигиталните медиуми, музиката и движењата.

Конференцијата е отворен, креативен и интерактивен простор што нуди информации и овозможува дискусија, разни активности и вмрежување. е-Општество: Млади и медиуми ги предизвикува традиционалните гледишта на младите и медиумите и има цел да понуди знаење и инспирација за сите учесници.

Дводневната агенда на е-Општество: Млади и медиуми вклучува 20 говорници, 10 интерактивни работилници, 2 панел дискусии со 10 гости, 4 филмски проекции и 5 реномирани ДЈкоја нуди интересна содржина за секој млад човек, активист, новинар и граѓанин.

На конференцијата ќе се претстават и резултатите од неколкумесечното истражување за младите и медиумите во 11 земји од Југоисточна Европа.

Регистрацијата е задолжителна и отворена до 15:00 часот на 3 февруари на http://e-society.mk/, бројот на учесници на конференцијата е ограничен.

Тематски сегменти на конференцијата:

Млади, приватност и углед // Berkman Center for Internet and Society [US], SHARE Defense [SR], Safer Internet Centre [BG]
Медиуми под водство на млади // European Youth Press [BE/DE], MladiINFO [MK], Youth Press Association [BiH], Radio Student [SL], Televizija Student [HR], Radio MOF [MK], Kanal 103 [MK], Izlez [MK]

Писменоста на младите и квалитетот на информациите // Еuropean Association for Viewers Interests [BE], Македонски институт за медиуми [MK], No Hate Speech Movement – Council of Europe [TBD], Media Education Centre [SR], Film i Halland [SE], Фондација Метаморфозис [MK]

Активизам во дигитални медиуми // Erkan Saka [TR], Global Voices Online [SR], Vice [TBD], StreetPress [FR], ZastoNe [BiH], Balkan Investigative Reporting Network (BIRN) [MK], Apps for Good [UK], Радио Слободна Европа [MK], European Youth Forum [TBD]
Музика, Визуелизација, Движење // Александер Ковалски [GER], CK13 Youth Center [SR]
Youth and Media Digital Night // Александер Ковалски [Германија], Петар Дундов [Хрватска], Спиди [Србија], Горан Кан [Македонија], Виктор Апостолски [Македонија]
Филмски проекции // Riot From Wrong [UK], Sav Taj Folk / All That Folk [SR], 103 – A Love Letter To The Alternative Culture [MK], The Majority Starts Here – BIRN

Одговорно лице за медиуми: Јована Ѓорѓиовска |071/297-923| [email protected]