Од:

Могерини: Го повикувам Иванов да ја смени својата одлука

Шефицата на дипломатијата на ЕУ, Федерика Могерини, го повика претседателот Ѓорѓе Иванов да го додели мандатот на оние кои составиле парламентарно мнозинство со порака дека таа зборува и во името на генералниот секретар на НАТО. Могерини порача дека вратите на ЕУ се целосно отворени за граѓаните на Република Македонија велејќи дека ЕУ сака да ја види Македонија во нивното семејство, но дека е на политичкото лидерство да не ги крши принципите на демократијата.

Сите мои состаноци беа многу долги и многу содржински и се надевам конструктивни. Останува да видиме какви конструктивни резултати ќе произлезат од овие разговори во периодот што следи. Причината поради која дојдов овде е да испратам порака дека ЕУ е посветена на интеграциите и ние сме сериозни по тоа прашање и нашата врата е целосно отворена и скаме оваа земја да се придружи и да стане членка на ЕУ. Оваа е причината за мојата посета и ова е мојата порака не само за вашата земја, туку и за целиот регион. Тоа е во наш интерес како ЕУ и во интерес на граѓаните на Македонија и знам дека има одредени очекувања за оваа земја да се придружи кон ЕУ. Дозволете ми да кажам, изгубивме премногу време, прашањето е дали лидерите имаат политичка волја да продолжат во овој правец. Од наша страна, таа постои. Очигледно мојата посета доаѓа во еден политички момент кој е многу комплициран, среде политичката и институционална криза во оваа земја. Дискутиравме како да излеземе од оваа криза. Не е на Европската Унија да изнајде начин, туку како пријател кој се грижи за оваа земја да индицираме што е она што е она што не загрижува. Она за што веруваме дека претставува сериозен прекршок на демократските вредности. По повеќето разговори кои ги обавив со многу луѓе во ЕУ и во НАТО, а утрово разговарав и со генералниот секретар на НАТО кој побара од мене да ја пренесам и неговата порака.Мислам дека ќе биде невозможно да убедиме било кој во ЕУ или во НАТО дека на мнозинството на пратеници во унитарна држава не може да му биде дозволено да формира влада. Ова го крши духот на демократијата и не соодвествува со ниту еден принцип на евроатланската агенда. Затоа го замолувам претседателот да ја преиначи својата одлука во интерес на сите граѓани на оваа држава и како што вели уставот да го додели мандатот на оние кои имаат најмногу мандати во Собранието, рече Могерини вечерва по состанокот со невладините организации за кои што посочи дека се клучни во функционирањето на едно демократско општество.