Од:

Могерини и Хан го поздравија доделувањето на мандатот на Заев

Високата претставничка за безбедносна и надворешна политика на ЕУ и еврокомесарот за проширување на ЕУ, Јоханес Хан ја поздравија одлуката на претседателот Ѓорѓе Иванов за доделување на мандатот на лидерот на СДСМ, Зоран Заев.

– Се надеваме дека овој конструктивен дух ќе продолжи да владее, со цел земјата конечно да излезе од политичката криза. Очекуваме брзо формирање на Влада која ќе биде посветена на имплементација на сите делови од догворот од Пржино, како и на ургентните реформи. Ги повикуваме сите парламентарни партии да ги страват настрана разликите и заеднички да се посветат на реформската агенда, за земјата да ја вратат на патот на евро-атлантската интеграција. Ова го бара народот и го заслужува, се вели во заедничкото соопштение.

Могерини и Хан изразуваат поддршка за новата влада и нејзините реформски цели, повикаа на сплотеност на партиите во враќањето на Македонија на евро-атлантскиот пат и изразија подготвеност да ја поддржат навата Влада на чело со Заев.

– Ги повикуваме сите парламентарни партии да ги остават нивните поделби настрана и да работат заедно на заедничката агенда за реформи, за земјата да се врати назад на патот на евроатланската интеграција. Тоа е она што го луѓето сакаат и го заслужуваат. Ние сме подготвени да ја поддржиме новата Влада во нејзините реформски напори, потенцираат Хан и Могерини.