Од:

Момчето кое чека ново срце, и ја донесе првата победа на Португалија

Португалецот Салвадор Собрал ја донесе првата победа за неговата земја во историјата на Евровизија.

Дваесет и седум годишниот Собрал, на 62.издание на европскиот музилки фестивал кој годинава се одржа во Киев, Украина во моментов е на листата на пациенти кои чекаат трансплантација на срце.

За време на својот настап младиот Салвадор, кој важеше за еден од фаворитите, предизвика огромни овации кај публиката. Песната со која тој ја претстави својата земја е напишана од неговата сестра.

За Португалија ова е прва победа по 53 учества.

Првото претставување на Португалија било во 1964 година кога се пласирале на последното место.