Од:

Москва и Трамп го негираат компромитирачкиот извештај

Русија ги одби обвинувањата дека претседателот Владимир Путин го контролира новоизбраниот американски претседател Доналд Трамп со компромитирачки материјал. Портпаролот на Кремљ, Дмитри Песков, вели се работи за чист обид да се нарушат односите меѓу двете земји.

Според непотврдените информации, за време на кампањата, Доналд Трамп комуницирал со Москва, а исто така бил вмешан во секс скандали.

Користејќи го Твитер, Трамп реагира дека се работи за лажни вести.

„ЛАЖНИ ВЕСТИ – ПОЛИТИЧКИ ЛОВ НА ВЕШТЕРКИ“, овјави Трамп.

Ова доаѓа по повеќе од една недела откако американските разузнавачки служби ги обвинија руските дека стојат зад сајбер-нападите врз Демократскиот национален комитет и кампањата на Хилари Клинтон, по што Барак Обама избрка 35 руски оперативци од САД.

Доналд Трамп на оваа тема постојано потенцираше дека секој може да стои зад нападите и дека инволвираноста на Москва е неоснована и неаргументирана.



Comments are closed.