Од:

МОСТ: Ѓорге Иванов – 57,2%, Стево Пендаровски – 42,8%


Граѓанската асоцијација МОСТ денешното гласање го следеше со 1.712 набљудувачи, кои покрија над 50% од избирачките места на територијата на Р. Македонија, односно 50% од гласачките места во рамките на секоја општина.

Врз основа на податоците добиени од ПВТ програмата за паралелно пребројување на гласовите одѕивот на гласачките места на претседателските бил 54,35%. Процентот на неважечки ливчиња е 3,6%. Од важечките ливчиња, за гласовите за кандидатите за претседател добиени се следните резултати:

Ѓорге Иванов – 57,2%
Стево Пендаровски – 42,8%

Одѕивот на парламентарните избори по изборни единици е следен:

ИЕ 1 – 65,45%
ИЕ 2 – 60,87%
ИЕ 3 – 70,51%
ИЕ 4 – 73,04%
ИЕ 5 – 61,28%
ИЕ 6 – 50,31%

Според обработените податоци од ПВТ примерокот, со можност за грешка од +/- 2%, распоредот на мандати е следен:

Изборна единица 1
Коалиција ВМРО ДПМНЕ – 9
Коалиција СДСМ – 7
ДУИ – 3
ДПА – 1

Изборна единица 2
Коалиција ВМРО ДПМНЕ – 10
Коалиција СДСМ – 5
ДУИ – 4
ДПА – 1

Изборна единица 3
Коалиција ВМРО ДПМНЕ – 13
Коалиција СДСМ – 7

Изборна единица 4
Коалиција ВМРО ДПМНЕ – 12
Коалиција СДСМ – 8

Изборна единица 5
Коалиција ВМРО ДПМНЕ – 12
Коалиција СДСМ – 6
ДУИ – 2

Изборна единица 6
ДУИ – 9
ДПА – 5
Коалиција ВМРО ДПМНЕ – 4
Коалиција СДСМ – 1
НДП – 1

Според овие резултати распоредот на мандати во парламентот бил бил следен: 60 пратеници за ВМРО – ДПМНЕ плус 3 од дијаспората, СДСМ би добила 34, ДУИ 18, ДПА 7 и НДП 1 пратеник.