Од:

Мост и Цивил ќе го следат прегласувањето во Теарце

Граѓанската асоцијација Мост и невладината Цивил ќе имаат свои набљудувачи кои ќе го следат изборниот процес во недела во Теарце. Цивил денеска поставил два штанда за да ги информира жителите за нивното гласачко право, а оттаму додаваат дека на терен постојано работат набљудувачи и секојдневно поднесуваат извештаи.
„Нашето набљудување е мобилно. Ќе имаме засилено набљудување на целиот терен. Исто така на ниво на целата држава постизборното набљудување на Цивил е активно и ги следиме партиските активности во овој транзиционен период во сите општини во земјава“, изјавија од Цивил.
И Мост ќе имаат мобилни тимови на гласачкото место 20-11 во Теарце во недела кога жтелите на оваа општина ќе гласаат повторно. Прегаслувањето доаѓа откако Управниот суд одлучи да се поништи гласањето во избирачкото место 20-11 во општина Теарце.Прегласувањето би можело да го смени целокупниот изборен резултат, кој сега е 51 мандат за ВМРО-ДПМНЕ и 49 за СДСМ.

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски, на протестите пред ДИК рече дека партијата нема да учествува на евентуално прегласување и дека нема да ги признае резултатите од прегласувањето.