Од:

Мурињо доби уште 212 милиони евра за засилувања во јануари и на лето

Управата на Манчестер јунајтед го дополни буџетот на Жозе Мурињо со нови 212 милиони евра за засилувања на екипата во нареднте два преодни рока. Тоа, само по себе, доволно говори за авторитетот што Португалецот го има на „Олд трафорд“ иако резултатите на „црвените ѓаволи“ засега се далеку од посакуваните.

Мурињо летоска веќе потроши 176 милиони евра за Пол Погба, Ерик Мктарјан и Ерик Бејли. Во екипата го доведе и Златан Ибрахимовиќ како слободен играч, откако на Швеѓанецот му заврши договорот со ПСЖ. Дел од расположлиците средства, според најавите, се очекува да бидат искористени за освежување на дефанзивната линија со тандемот на Бенфика, Виктор Линделоф и Нелсон Семедо.

Мета на Јунајтед во наредниот период ќе биде и Антоан Гризман кој би претставувал и најзвучно засилување меѓутоа и најголем трошок за португалскиот менаџер. Доброупатените, сепак, изразуваат верба дека Мурињо нема да штеди за привлекување на Французинот од Атлетико Мадрид како што не беше случај и со неговиот сонародник од Јувентус. Член на Манчестер Ј. во јуни би можел да стане и Тим Бакајоко од Монако на кого се гледа замена за Мајкл Карик.