Од:

Мурињо: Фенербахче играше како финале на ЛШ, ние како пријателски меч

Фото: eurosport.com

На Манчестер јунајтед не му оди ниту во Премиерлигата, ниту во Лига Европа. Тимот од „Олд трафорд“ вечерва загуби од Фенербахче во Истанбул што Португалецот го искоментира во карактеристичен стил за себе.

„Тие играа како да е финале на Лига на шампиони, а ние како да сме на пријателски натпревар на летни подготовки“, оцени Мурињо.

Тој, сепак, не е загрижен за судбината на клубот во двата меча од групната фаза колку што преостануваат. Изрази оптимизам и потенцира дека се е во нивни раце.

„Се зависи од нас. Ако победиме во последните два меча, ќе продолжиме во наредната рунда“, порача менаџерот на Јунајтед.

Манчестер Ј. во наредното коло, на 24 ноември, е домаќин на Феенорд.