Од:

Мурињо: Не ми е жал за Вест Хем, ние сме шампиони во погрешни одлуки

Жозе Мурињо не изрази жалење за Вест Хем по дуелот со Манчестер јунајтед бидејќи, како што вели, судиите носеле одлуки на штета и на неговата екипа. „Црвените ѓаволи“ славеа со 2:0 во меч од 20 коло во Премиерлигата. Патот до трите бода беше олеснет за нив по исклучувањето на домашниот играч Софијан Фегули по стартот врз Фил Џонс во 15 минута, момент што во голема мера го одреди правецот на средбата.

„Не можам да дадам коментар за црвениот картон. Бев далеку. И јас бев принуден да се осам со фрустрации по поништен гол на Ибрахмовиќ, за пеналот против Кристал палас, итн. Не ми е жал за Вест Хем. Ако говориме за судење, ние сме шампиони во погрешни одлуки“, коментира Португалецот.

Стрелци за Манчестер Ј. беа Мата во 63 минута по асистенција на Рашфорд и Ибрахимовиќ во 88 по додавање на Ерера.

Премиерлига

Резултати, 20. коло

Вест Хем – Манчестер јунајтед 0:2

ВБА – Хал сити 3:1

Сандерленд – Ливерпул 2:2

Манчестер сити – Барнли 2:1

Евертон – Саутемптон 3:0

Мидлсборо – Лестер 0:0

Вечерва играат: Борнмут – Арсенал (20,45 ч.), Кристал палас – Свонси (21 ч.), Стоук – Вотфорд (21 ч.).

Утре играат: Тотенхем – Челзи (21 ч.)

Табела: Челзи 49 (-1), Ливерпул 44, Манчестер сити 42, Арсенал 40 (-1), Тотенхем 39 (-1), Манчестер јунајтед 39, Евертон 30, ВБА 29, Борнмут 24 (-1), Саутемптон 24, Барнли 23, Вотфорд 22 (-1), Вест Хем 22, Лестер 21, Стоук 21 (-1), Мидлсборо 19, Кристал палас 16 (-1), Сандерленд 15, Хал сити 13, Свонси 12.