Од:

На 11.јуни референдум за Казандол во општина Богданци

Општинскиот совет во Богданци донесе едногласна одлука по гевгеличани, и жителите на Богданци да се изјаснат на референдум дали се согласуваат да се изгради рудникот во Казандол, и тоа на 11.јуни.

Одлуката е донесена едногласно од 11 советници.

Според активистите, отворањето на рудникот Казандол во општина Валандово и жителите на Богданци ќе ги чувствуваат последиците од загадувањето на воздухот, водите и земјиштето предизвикано од експлоатацијата на рудата за бакар.

Референдум неодамна се одржа во општина Гевгелија каде со огромно мнозинство гласови, граѓаните се изјаснија против отворање на рудници за злато на планината Кожуф. Советот на општина Валандово не ја прифати иницијативата на активистите за организрање на референдум за рудникот Казандол.