Од:

На 99 години почина холивудската актерка За За Габор

Актерката За За Габор (99) почина, јавуваат американските медиуми, пренесува ББС.

Родена во Унгарија, таа емигрирала во САД за време на Втората Светска Војна, а нејзиното деби во Холивуд го имала во 1952 година.

Таа се појави во повеќе од 70 филмови, но беше повеќе славна поради својот животен стил.

Беше мажена девет пати, првиот пат на 20 години, а последен пат правеше венчавка кога наполни 70 години.

 

За За е родена во Унгарија во 1917 година и никогаш не е утврдено дали титулата „Мис“ и донесе популарност или преселбата со сестрите и мајка им во 1944 година, за Америка.

Голема пресвртница во нејзината кариера е договор со Метро – Голден- Маер и првата филмска улога во мјузиклот „Lovely to Look at“ 1952 година. Истата година играше и во филмовите „We’re Not Married” и “Moulin Rouge”.

Ете толку беше потребно за голема популарност на За За, која во меѓувреме со „Ball der Nationen”, “3 Ring Circus”, “Death of a Scoundrel” и сериите “Shower of Stars”, “Lux Playhouse” и “Queen of Outer Space“ стана вистинска холивудска ѕвезда.

Гламурозен живот на холивудската актерка, многу скандали и афери ја следат За За целиот нејзин живот. Беше во врска со Шон Конери, го освои Ричард Бартон, Френк Синатра, се мажеше девет пати. Од бракот со Конард Хилтон (сопственикот на синџирот хотели „Хилтон“) ја доби ќерката Франческа, фотографка и актерка која почина во 67 година. Како што велат нејзините биографи, тоа беше причината за мозочен удар на За За. Нејзините здравствени проблеми започнаа во 2002 година, актерката преживеа сообраќајна несреќа, мозочен удар, кома.