Од:

На парадата во Пјонгјанг прикажани дрвени ракети?

Странските новинари од западните медиуми кои присуствувале на воената парада во Пјонгјанг ја доведуваат во прашање автентичноста на прикажаното оружје, пишува рускиот портал Дифенс.

Репортерот на американската телевизија Еј Би Си на Твитер објави фотографија на ракета со сомнително подигнат врв, сликана на парадата во чест на 105 годишнина од раѓањето на основачот на Северна Кореја Ким Ил Сунг.

-Сосема е можно, фотографираната боева гласа да е од дрво или од обоен картон, напиша новинарот.

Ракетата за која пишува новинарот претставува советски одбранбен систем на ракети со дострел С-200, кој стапи во служба во  1967 година. Во Русија тој систем е заменет со ПВО системот С 300 и С 400.

Но стручњаците тврдат дека не треба да се занемарува способноста на Пјонгјанг, бидејќи постои опција дека Северна Кореја на тој начин не сака да ризикува покажување на вистинска нуклеарка.