Од:

На што штедел пари Градот во 2016 година

На последната седница на Град Скопје, советниците го усвоија извештајот за извршување на Буџетот за 2016 година.

Според бројките може да се види дека градот штедел на проекти за велосипедски патеки, елаборати за испитување на загадувањето на воздухот, изградба на водоводи и други проекти.

Од друга страна, сите пари предвидени за манифестации и спортски активности се потрошиле.За ова во четвртокот се скараа и Дамјан Манчевски од СДСМ и Александар Бичиклиски од ВМРО-ДПМНЕ.

Манчевски рече дека Коце Трајановски најмногу трошел на луксузот на Никола Груевски, додека пак Бичиклиски реагираше дека поранешниот советник е неинформиран.