Од:

Најдена замена за Клинсман: Брус Арена на кормилото на САД

Фото: cbc.ca

Брус Арена се враќа на клупата на фудбалската репрезентација на САД по една деценија. Тренерот на Лос Анџелес Галакси е именуван за наследник на Јирген Клинсман и, според договорот, неговиот ангажман ќе почне од први декември. Германецот доби отказ по двата пораза од Костарика и од Мексико во кваллификациите за СП 2018.

За Арена ова ќе биде втор мандат во националниот тим што го водеше од 1998 година до 2006 година. Во тој период Американците забележаа 71 победа, 30 порази и 29 нерешени исходи. Најголемиот успех го оствари со пласманот во четвртфиналето на мундијалот во 2002 година.

Репрезентацијата на САД е на шестото место на табелата во КОНКАКАФ зоната во моментот. Пласман во Русија ќе обезбедат најдобрите три селекции, а четвртата ќе разигрува бараж во петтопласираниот тим во азиските квалификаци.