Од:

Најмалку 23 лица се сметаат за исчезнати во хотелот во Италија

Најмалку 23 лица се сметаат за исчезнати по лавината која во средата се урна врз еден хотел во централна Италија, стои во соопштението на полицијата на Пескара, најблискиот град до хотелот каде се случи трагедијата.

Овој број е пресметан преку бројот на лица запишани во списокот на гостите на хотелот но и други сведочења, изјави полицијата чие соопштение го цитираа италијанските медиуми.

Ова е прва официјална бројка на оваа драма во која, официјално, досега животот го загубиле 5 лица.

Единаесет лица беа извлечени од хотелот и нивниот живот не е во опасност.