Од:

Наместо инсулински пумпи, децата со дијабетес со застарен третман

Во Македонија нема нови и современи лекови за дијабетес веќе седум години. За децата со дијабетес државата обезбедила само 25 инсулински пумпи кои не  се доволни ниту за ново дијагностицираните случаи, велат од здруженијата “Був“, Баланс МК“ и од Сојузот на дијабетичари .  Во државата има околу 500 деца до 14 години со дијабетес кои имаат потреба од пумпите кои го заменуваат инсулинот. Од здруженијата велат дека државата  воопшто не обезбедува инсулински пумпи за децата над 14 години и за младите кај кои не може да помогне инсулинот. Пациентите кои имаат пари сами си купуваат инсулински пумпи  кои чинат од 2000 до 3000 евра.

„„Ретко сум во  можност да купам вакво нешто, но кога можам го набавувам за моето дете да го одморам од боцкање на прстето кое е избоцкано поради проверка на шеќерот по 7 до 8 пати дневно. Една таква инсулинска пумпа ли 60 евра, а трае 14 дена “, вели Наташа Деспотовска Димитриевска која има дете со дијабетес.

Таа раскажува дека морала да напушти работа за да може да го следи дијабетесот на своето дете. Градинките не ги прифаќаат овие деца поради неедуцираност  за дијабетесот и страв како ќе се справат со состојбата на детето.

Во државата пациентите со дијабетес немаат избор на глукомери, односно апаратите за мерење на шеќерот во крвта. Вакви апаратчиња се даваат еднаш годишно. Пациентите се жалат и на нив бидејќи некои типови глукомери не покажуваат точни резултати што може да биде кобно.

Често во текот на месецот недостасуваат инсулини, што с тана хронична појава по паралелниот увоз ан инсулини од страна на Министерството за здравство.

„Во такви ситуации ние функционираме преку социјалните и си позајмуваме инсулини бидејќи ниту еден ден не смее да се остане без инсулин. Всушност, ние мора да имаме  залиха од инсулини дома бидејќи не знаеме што утре може да се случи, кога ќе снема инсулин“, рече Цвете Серафимовски од здружението „Баланс МК“.

За разлика од кај нас, Хрватска голем отишла чекор напред и на пациентите им обезбедува квалитетни читачи на шеќерот во крвта со сензори.

“Во странство освен современите лекови и мерачи на шеќерот во крвта, пациентите се вклучени во донесување на одлуки во креирање политики во здравството“, потенцира Бојан Киров, претседател на Сојузот на дијабетичари.

Лекарите, ендокринолози кои ги контактираше НОВА, сметаат дека треба да се промени политиката во однос на дијабетичарите и тие да добијат третман со современа терапија, за да имаат квалитет живот. Недостасува и регистар на лица заболени од дијабетес, ниту потенцијални нови случаи. Досега се регистрирана 39.500 лица  со дијабетес од кои 3000 се со  тип 1, а 36.500 со тип 2. Според светската статистика на секое лице со дијабетес доаѓа уште едно лице кое е потенцијален дијабетичар.