Од:

Нападната екипа на А1он на протестот за заедничка Македонија

Снимателот на порталот А1он Владимир Желчевски вечерва заврши во Ургентниот центар откако тој и новинарот Алекдандар Тодевски беа нападнати на протестот за заедничка Македонија кој што е неформално поддржан од членови и симпатизери на ВМРО-ДПМНЕ.

Главниот и одгоорен уредник Предраг Петровиќ за НОВАТВ ја потврди информација. Желчевски има повреди на главата, а учесиците на протестот кои ги нападнале ја уништиле и камерата на А1он.

Си снимаа мирно. И тогаш насобраните од протестот почнаа да фрлаат пари со албански знамиња кои треба да претставуваат некаков симболичен декор на нивниот протест. Тогаш снимателот ја крена камерата и си снимаше кога група од некои четворица лица ги нападна. Ги маваа многу силно со тупаници. Камерата е искрешна целосно, а снимателот со Брза помош го однеса во болница. Навистина силно удираа, а ги нападнаа од позади грб, не можеа да реагираат и веднаш беа фрлени на земја. Кога се приближи полицијата тие избегаа кон ГТЦ, раскажува очевидец за НОВАТВ.

 

 

 



Comments are closed.