Од:

Напаѓачот од Франција бил дрогиран и пијан

Зиед Бен Белгасем, кој е убиен на парискиот аеродром Орли во саботата откако нападна припадничка на француската војска, бил под дејство  на дрога и алкохол, објави АФП.

Токсиколошките тестови покажале присуство на алкохол од 0,93 промили и канабис и кокаин.

Агенцијата, повикувајќи се на извор во француското судство, објави дека истражителите и натаму се обидуваат да утврдат што е мотивот за овој напад на вториот по големина аеродром во Франција.

Таткото на францускиот државјанин со туниско потекло вчера изјави дека неговиот син не бил терорист, туку за неговите постапки се виновни дрогата и алкохолот.

Саботната драма на Орли започна откако Бен Белгасем со туниско потекло, инаку роден во Франција, на еден од војниците му стави пиштол на глава и му ја зел пушката, извикувајќи дека сака да „умре за Алах“, по што двајца војници го убија.

Истражителите исто така продолжуваат со испитување на неговиот брат и роднина на напаѓачот за да утврдат дали планирал терористички напад или одлучил да умре како „самопрогласен маченик“.

Инаку Белгасем бил под истрага во 2015, поради врски со исламистички радикали кои претходно ги воспоставил во затворот, но неговото име не се наоѓа на листата на лица кои се сметаат за голема опасност, објавува АФП.