Од:

Напролет само во Серија А: Интер елиминиран во Лига Европа

Фото: uefa.com

Интер останува фокусиран само на настапите во Серија А и во националниот куп во продолжение од сезоната. Хапоел Бер Шева ги совлада „нероазурите“ со 3:2 во петтото коло од групната фаза во Лига Европа и ги остави без шанси за нокаут фазата. Калчолигашот водеше со 0:2 на полувреме во Израел (Икарди и Брозовиќ погодија по асистенции на Едер), а домашните во продолжение успеаја не само да израмнат туку во третата минута од судиското екстра време и да победат. Составот на Стефано Пиоли по 69 минута остана со фудбалер помалку по исклучувањето на Самир Ханданович. Лидер во групата К е Спарта Прага со 12 бода. Чешкиот тим пред своите гледачи освои три бода во дуелот со Саутемптон (1:0). Премиерлигашот и Хапоел Бер Шева имаат по седум бода на второто, односно, третото место, Интер е последен со само три.

Лига Европа

Резултати, 5. коло

Група А: Фенербахче – Зорја 2:0

Група Б: Астана – АПОЕЛ 2:1

Група Ц: Габала – Андерлехт 1:3

Група Д: Зенит – Макаби Тел Авив 2:0

Група Г: Селта – Стандард 1:1, Ајакс – Панатинаикос 2:0. Табела: Ајакс 13, Стандард 6, Селта 6, Панатинаикос 1.

Група Х: Шахтјор Доњецк – Конјаспор 4:0, Гент – Брага 2:2. Табела: Шахтјор Доњецк 15, Брага 6, Гент 5, Конјаспор 1.

Група И: Шалке – Ница 2:0, Краснодар – Салцбург 1:1. Табела: Шалке 15, Краснодар 7, Салцбург 4, Ница 3.

Група Ј: Слован Либерец – Карабаг 3:0, Фиорентина – ПАОК 2:3. Табела: Фиорентина 10, Карабаг 7, ПАОК 7, Слован Либерец 4.

Група К: Спарта Прага – Саутемптон 1:0, Хапоел Бер Шева – Интер 3:2. Табела: Спарта Прага 12, Хапоел Бер Шева 7, Саутемптон 7, Интер 3.

Група Л: Цирих – Вилјареал 1:1, Стеауа – Османлиспор 2:1. Табела: Османлиспор 7, Стеауа 6, Цирих 6, Вилјареал 6.