Од:

НАТО и ЕУ потпишаа историски договор во Варшава

На Самитот во Варшава е потпишан историски договорот од страна на лидерите на НАТО и Европската унија,  со кој се зајакнува нивната соработка за соочување со предизвиците и заканите по безбедноста.  Договорот го потпишаа генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг, претседателот на Европскиот совет доналд туск и претседателот на Европската комисија Жан Клод Јункер.

„Силна Европска унија значи силен НАТО и силен НАТО значи силна ЕУ. Нашите акции се надополнуваат, но денеска одлучивме да направиме повеќе“, изјави Жан Клод Јункер, претседател на Европска комисија.

На првиот ден од Самиот на Алијансата во Варшава,  генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг, ја  објави одлуката за проширување на военото присуство во источниот дел од нато со четири т.н баталјони во Полска, Естонија, Летонија и Литванија.

„Одлучивме да го прошириме нашето воено присуство во четири батаљони, во Естонија, Латвија и Литванија со основни бази. Овие батаљони ќе бидат мултинационални и ќе ја претстават слината врска на Алијансата и секој напад врз овие бази ќе се смета за напад врз Алијансата“ – изјави Јенс Столтенберг, генералниот секретар на НАТО.
Македонија на НАТО самитот во Варшава ја преставуваат министрите за надворешни работи и одбрана, Никола Поповски и Зоран Јолевски.Претседател Ѓорге Иванов за домашните медиуми соопшти дека нема да присуствува на Самитот, поради, како што соопштија од неговиот Кабинет „игнорирањето на меѓународното право, пресудата на Меѓународниот суд на правдата во Хаг, геополитичките аспекти, безбедносните предизвици во регионот“.

Но ова доби шпекулативен карактер откако се појавија реакции дека Иванов и воопшто не бил поканет да присуствува.

Дипломатски извори за НОВА објаснуваат дека Иванов треба да биде поканет на состанок на шефови на држави и влади на НАТО кога темата се однесува на Авганистан, каде Македонија е дел до сојузничката мисија за поддршка. Но немаат обврска за покана на ниту еден друг официјален состанок на лидерите на Алијансата. Во случај да сака да поентира во овој контекст со повикување на меѓународната правда, тогаш, велат дипломати, Иванов тоа би требало да го направи во вид на писмо, но никој не верува дека тоа ќе се случи.