Од:

Навални нападнат со зелена боја: Како да сум излезен од филмот Маска

Лидерот на опозцијата во Русија Алексеј Навални денеска во сибирскиот град Барнаул бил нападнат, при што бил полиен со светло зелена течност на лицето.

-Ќе отворам штаб во Барнаул како да сум излезен од филмот „Маска“. Супер. Дури и забите ми се зелени, напиша Навални на Твитер.

Зелената течност, инаку антисептик кој често се користи во Русија со денови останува на кожата. Му била фрлена в лице на Навални додека му приоѓал на еден човек за да се поздрави.

Со такво зелено лице Навбални потоа бил на митингот на неговите поддржувачи.

Навални деновиве патува низ Русија, отвора свои штабови и води кампања за претседатлските избори годинава. Правосилната пресуда за измама според Законот го спрелува да се кандидира, но неговите приврзаници тврдат дека обвиненијата се политички мотивирани.