Од:

НБА лига: Вестбрук со 50. трипл-дабл стана дел од две елитни друштва

Расел Вестбрук се избори за главна улога во седумте натпревари во НБА лигата во ноќта зад нас. Во триумфот на неговата Оклахома над Феникс со 114:101 тој запиша јубилеен, 50, трипл дабл во кариерата. Мечот го заврши со 26 поени, 22 асистенции и 11 скока што го сместија во две престижни друштва во историјата на американската професионална кошаркарска лига.

Стана седми член на клубот „20-20-10“, односно, само толку играчи во НБА лигата успеале да постигнат преку 20 поени и асистенции и прекку 10 скока во еден натпревар. По трипати им поаѓаше од рака такво нешто на Меџик Џонсон и Оскар Робертонс, подвиг што по еднаш го достигнаа Ајзеа Томас, Вилт Чемпбрлејн, Гај Роџерс и Род Стрикленд.

Вестбрук е десетти играч во историјата на НБА лигата со повеќе од 20 додавања во еден натпревар. Меџик Џонсон и Рајон Рондо го сторија тоа по четири пати, Оскар Робертсон три пати, а по еднаш таква разигрувачка партија имаа Вилт Чемпбрлејн, Фат Левер, Гај Роџерс, Род Стрикленд, Ајзеа Томас и Џамал Тинсли.

Кошаркарот на Оклахома е 50. на вечната трипл-дабл листа. Оскар Робертсон, кој во кариерата имаше 181 троен статистички ефект, е недопирлив на првото место. Втор е Џонсон со 138, Џејсон Кид е трет со 107, топ 5 го заокружуваат  Вилт Чемпбрлен со 78 и Лери Бирд со 59.

НБА лига

Резултати

Оклахома – Феникс 114:101

Детроит – Индијана 90:105

Атланта – Шарлот 99:107

Кливленд – Л.А. Лејкерс 119:108

Минесота – Хјустон 109:111 (по продолженија)

Денвер – Њујорк 127:114

Голден Стејт – Портланд 135:90