Од:

НБА: Почнува 71. сезона, Голден Стејт и Кливленд фаворити за прстенот

Фото: nba.com

Нова сезона, нови 1,230 натпревари спектакуларна кошарка. Час и половина по полноќ со мечот меѓу Кливленд Кавалирс и Њујорк Никс почнува 71. издание на НБА лигата. Покрај нив, рано изутрина ќе играат уште Портланд – Јута и Голден Стејт – Сан Антонио.

Дилеми за јавноста и обложувалниците нема. Се освен реприза на последните две финални серии за шампионскиот прстен ќе биде големо изденадување. Прв фаворит е тимот на Голден Стејт Вориорс чиј единствен вистински конкурент за тронот е актуелниот првак Кливленд.

До завршницата во западната конференција, според сегашните предвидувања, би можеле да стигнат уште Сан Антонио Спарс и Лос Анџелес Клиперс. Како најсериозни кандидати од сенка на Истокот се гледа на Бостон, на Индијана и на Торонто кои, сепак, според букмејкерите, и да немаат шанси за тронот.

Регуларниот дел на сезоната завршува на 12 април. Три дена подоцна стартува плејофот, а новиот владетел во НБА лигата за сезоната 2016/17 се очекува да биде познат најдоцна до 18 јуни.