Од:

НБА: Сезонските билети на Голден Стејт до 30.700 долари

Раководството на Голден Стејт реши да оди на зголемување на билетите за натпреварите на домашен терен во сезоната 2017/18. Сите што ќе имаат желба да бидат во првиот ред во „Оракл арена“ ќе треба да издвојат меѓу 625 и 715 долари или 30.745 долари за сите мечеви од основниот дел на сезоната.

Клубот од Оукленд обелодени дека најефтините влезници ќе чинат од 32 до 40 долари.

Цената на билетите ќе биде зголемена, во просек, за 15 до 25 отсто. „Вориорси“ бележат одлични резултати во последните сезони. Ланската сезона играа во големото финале во кое беа поразени од Кливленд. Притоа остварија рекорд по бројот на победи до плеј-оф фазата (73-9), моментно имаат биланс од 43-8.