Од:

НБРМ ја намали прогнозата за економски раст за 2017 и 2018

Народната банка на РМ во проекцијата за април прогнозира раст од 2,5 отсто на македонската економија за годинава, по што би следувало забрзување на 3,2 отсто во 2018 година, информира гувернерот на НБРМ, Димитар Богов.

Оваа корекција е во надолна линија во однос на октомвриските проекции, кога за 2017-та беше предвиден раст од 3,5 отсто, а за 2018-та од 3,7 отсто.

Извозот и личната потрошувачка и годинава ќе бидат главни фактори на порастот. Кај инвестициите повторно се очекува благо намалување, а идната година да преминат во позитивна зона.

Според Богов извозот ќе биде поттикнат од новите капацитети, како и од закрепнувањето на традиционалната индустрија, повлечен од подобрувањето на цените на металите и побарувачката и закрепнувањето особено на европската економија. Личната потрошувачка ќе го задржи умерениот пораст и годинава, при позитивни движења на пазарот на труд и кредитна поддршка од банките.