Од:

НДМ утре поднесува тужба за поништување на 7 кандидатски листи

Народно движење за Македонија на ден 26.12.2016 година (понеделник) ќе ја поднесе најавената тужба за поништување на, според нив, седум неправилни и незаконски Листи на кандидати за избор на пратеници како и поништувањето на изборните резултати во врска со овие листи од изборите одржани на 11 декември.

Тужбата ќе биде поднесена во Основниот суд Скопје II Скопје, а во 13:30 часот пред службениот влез на судот во изјава за новинарите претседателот на НДМ д-р Јанко Бачев ќе ги образложи причините за поништување на кандидатските листи и поништувањето на изборните резултати.

НДМ не учестуваваше на овие предвремени парламентарни избори.

НДМ со осуда и за Лилјана Поповска како учесник во црниот понеделник

Тие вчера се огласија и по повод 24 декември 2012 , познат како црниот понеделник. Во тоа соопштене, кое поради изборниот молк, не беше вчера објавено, НДМ ги осуди случувањата од црниот понеделник, но се осврна и на непринципиелните мали партии кои, според НДМ, коалицираат од интерес, со барање до надлежните да се забранат предизборни коалици поради ваквите „партии – шетачи“.

Тие изразија „зачуденост што денеска против режим се политичари како Лилјана Поповска која тогаш непринципиелно ги бранела оние кои ја газеле демократијата“.

– Токму Поповска е тогашен соучесник во бруталноста спрема пратениците и новинарите, а дури на отворена сцена се мајтапеше кога во изјава за медиумите рече: „немаше насилство, никој никого не тепаше, јас не видов„ иако Поповска беше во собраниската сала.