Од:

Неделкова: Судски совет јавно да каже зошто не ми ги признава поените

И покрај барањето на експретседателката и кандидат за претседател на Врховниот суд, Лидија Неделкова јавноста да присуствува на разгледувањето на приговорите од кандидатите за претседатели на судовите на денешната седница во Судскиот Совет, тоа не беше дозволено.

„Кога веќе почнуваме транспарентно да се надмудруваме, требаше да ми дозволат да присуствувам на седницата, само на оној дел во кој се зборува за мене. Сакам да слушнам зошто не ми ги дале сите бодови на вонредното оценување. Сметам дека во вакви ситуации, особено кога самата ќе побарам, треба да биде дозволено“ , вели Неделкова за НОВА.

Претседателот на Судскиот совет, Зоран Караџовски рече дека барањето на Неделкова да присуствува на седницата на која се разгледуваат приговорите е неосновано и дека секој кандидат кому не се допаѓа оценката може да поднесе претставка.

Инаку, Неделкова од 2009 е претседателка на Кривичниот суд Скопје 1, со кој раководела 3 години, а во 2012 година е избрана за судија во Врховниот суд на Македонија.

Името на Неделкова можеше да се слушне и во бомбите на опозицијата кога судијката Софија Лаличиќ вели дека за колешката Татјана Михајловска вели дека станала судијка со тоа што на претседателката на Врховниот суд и купувала сваровски подароци со што судството го доби епитетот „сваровски судство“.

Неделкова по бомбата демантираше дека добивала „сваровски“ подароци.



Comments are closed.