Од:

Нема криза ниту пауза за барокните палати

Огромни украсни ѕидни плочи стојат врз влечни возила на Јужен булевар во Скопје, додека мајстори на лице место заваруваат делови од нив. Бетонските ѕидно плочи се дел од комплексот „Палата Емануел Чучков“ на улицата „Бихачка чиј што инвеститор е Службата при општи и заеднички работи на Владата, изведувач е градежната фирма „Бауер БГ“ (прочитај повеќе), додека идејното решение е на фирмата за инженеринг и градежништво „Архитектоника“ од Скопје, односно архитектот Жарко Чаушевски, автор на многу проекти од „Скопје 2014“. 

б1б2б3

Новото барокно здание се состои од приземје и шест ката, а во него ќе се сместат Државниот завод за ревизија, Геолошкиот завод и Акционерското друштво за изградба и стопанисување со станбен и деловен простор. Чини речиси 8 милиони евра, а допрва ќе се троши за мебел и опремување. Владата тврдеше дека мора да се гради и оваа зграда бидејќи така ќе се заштедело оти многу пари се одлевале за  закуп.

Изградбата започна во 2014 година, а ќе заврши годинава.

Идејното решение за Палата „Емануел Чучков“

Идејното решение за Палата „Емануел Чучков“