Од:

Нема мерки, туку препораки за загадувањето оти ова било демократија

Има ли Министерството за животна средина и просторно планирање доволно глас во Владата или капацитет за како најповикана институција, да се справи со загадениот воздух кој, непопуларно, Македонија ја става на пиедесталот во Европа? Новинарот на НОВАТВ на денешната прес-конференција во редица прашања го соочи министерот со аргументите за екстремното и опасно загадување на воздухот.

Министерот се пофали дека решавањето на проблемот со загадениот воздух е приоритет. Запрашан зошто нема вистински мерки, туку само препораки, како оние да не се проветрува и да не се излегува надвор, тој рече дека „ова е демократско општество и не можело ништо да се наложува“, а за препораките не се согласи дека не се мерки. Прашан зошто не се тргне од едноставни мерки, како наредба возилата да се возат по принципот „пар-непар“, одговорот беше тој – ова било демократија.

Индиректно министерот посочи дека тие како министерство можат да предлагаат мерки до владата, но не можат да ги наложат. Директно, пак, одби да каже дека владата не ги слуша нивните препораки.

Град Скопје со 30 милиони евра за барок, а 200 илјади за загадувањето

И покрај тоа што пред него денеска беа посочени бројките на Светска банка, кои велат дека во земјава 1300 луѓе умираат индиректно или непосредно поради воздухот, Амети вели, Министерството за здравство е најсоодветно за да направи таква анализа.

Во меѓувреме, загадувањето на воздухот останува меѓу првите пет причини за инвалидност и смртност на населението во Македонија.

Првичните, се уште не објавени податоци од Институтот за јавно здравје покажуваат дека на секои 10 микрограми аеро загадување со ПМ 10 и ПМ2,5 честички, за 10 проценти се зголемува смртноста кај ризичните групи.