Од:

Несреќа во Сенегал: Стампедо на стадион со осум жртви и 60 повредени

Фото: guardian.ng

Осум лица ги загубија животите, а 60 се повредени во стампедо што се случи на стадион „Демба Диоп“ во Дакар, Сенегал, по финалниот меч во фудбалското првенство меѓу локалните ривали Оукам и Стад де Мбур, јавуваат светските агенции.

Трагичниот настан е последица на пресметка на навивачките групи на двата тима по завршување на натпреварот. Полицијата била принудена да употреби солзавец за смирување на ситуацијата што предизвика мешаница и паника меѓу гледачите, пренесува сенегалската агенција „АПС“. Истиот извор притоа наведе дека попуштил и ѕид на трибината на која биле сместени симпатизери на еден од финалистите.