Од:

Несторовски асистира, Трајковски погоди, Палермо победи (ВИДЕО)

Драма во македонска режија на „Луиџи Ферарис“ во Џенова. Палермо го совлада истоимениот домаќин со 4:3 со пресврт во самата завршница на средбата од 17. коло во Серија А за само втора победа во сезоната, но и за прекинување на серијата од девет порази. Стрелец на победничкиот погодок беше Александар Трајковски во 90 минута по асистенција на Илија Несторовски кој му додаде и на Кваизон во 42 минута за израмнување на 1:1.

Несторовски беше стартер и одигра цел натпревар. Трајковски почна од клупата, тренерот Корини го исптари на терен во 79 минута, а македонскиот репрезентативец десетина минути подоцна возврати на посакуван начин подарувајќи им причина за радост на фановите на трибините, но и на цела Сицилија. За него ова е премиерен гол за Палермо во оваа сезона. Во судиското продолжение на средбата во игра влезе и Горан Пандев на кого не му преостана ништо друго освен да им подаде рака на Несторовски и Трајковски.

Серија А

Резултати, 17. коло

Џенова – Палермо 3:4

Лацио – Фиорентина 3:1

Киево – Сампдорија 2:1

Наполи – Торино 5:3

Пескара – Болоња 0:3

Удинезе – Кротоне 2:0

Сасуоло – Интер 0:1

Јувентус – Рома 1:0

Милан – Аталанта 0:0

Емполи – Калјари 2:0

Табела: Јувентус 42, Рома 35, Наполи 34, Лацио 34, Милан 33, Аталанта 29, Интер 27, Фиорентина 26, Торино 25, Киево 25, Удинезе 24, Џенова 23, Сампдорија 22, Болоња 20, Калјари 20, Сасуоло 17, Емполи 14, Кротоне 9, Палермо 9, Пескара 8.