Од:

Незири: Албанците и Македонците треба да имаат Резолуција за геноцидот

Усвојување на Резолуција во Собранието на Република Македонија со која се осудува геноцидот врз албанскиот народ во Македонија во периодот 1912-1956. Ова е дел од барањата кои се содржани во Платформата на албанските лидери, но што всушност истата значи?

НОВА разговараше со Сафет Незири, истакнат член на ДУИ, кој објаснува од каде истата потекнува?

За Резолуцијата за осудување на геноцидот врз албанскиот народ во период од 1912-1956

Незири: Тоа опфаќа период од двете балкански војни, Првата светска војна и Втората светска војна до времето на Александар Арковиќ кој беше министер за внатрешни работи во Федеративна Југославија. Во 1913 година го имаме Дебарското востание на Албанците против српската окупација. Како резултат на тоа имаме масовни убиства и ликвидација на Албанците особено во Кичевскиот регион каде што се бројат отприлика над 1000 ликвидирани Албанци. Во 1916 имаме 200 убиства во село Градец. Ликвидирани се од српски парамилитанти кои што биле четнички а не редовна војска. Тоа се убиства извршени без судски процес. И тоа се подразбира како геноцид. Преку убиства и заплашувања се истерувале Албанците од родните огништа. То иако помалку, продолува и во периодот меѓу двете светски војни но масовноста на ликвидацијата доаѓа кон крајот на Втората светска војна. Во 1944 година во Блаце има масовни гробишта, каде во Чучер – Сандево има споменик за загинатите цивили. Се мобилизирале Албанци и за носење на Сремскиот фронт. По пат ги имаат ликвидирано еден по еден, се до масакрот во Тиват и во Бар ’44 и ’45 година.

Тука не смееме да ги запоставиме ниту Македонците кои за време на Дебарското востание соработувале албанските комитети со ВМРО за одбрана на териториите од српската, грчката и бугарската окупација. Тука бил извршен геноцид и врз македонското население, и јас мислам дека треба да има една резолуција не само за Албанците туку и за Албанците и Македонците кои живееле во Македонија против државите кои ја окупирале тогаш земјата.

За време на Арковиќ се случувале протерувања, тајни убиства и ликвидации на Албанците.

*Незири: Продолжениот мандат на СЈО зависи од преговорите за влада