Од:

Незири: Поважно е да се најде решение за кризата, а не кој што изјавил

Предизборните кампањи беа шаренило од изјави во кои можеше да се чуе и пораки на политичари за зачувување на т.н македонско единство. Гласно се отворија прашањата за барањата и потребите на Албанците, кои пак во голема мера гласаа за СДСМ. Но што постизборно? Произлезе Платформата на албанските политичари, додека во меѓувреме лидерите на ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ преговараат за повторно формирање на влада.

НОВА побара одговори од долгогодишниот пратеник и висок фунцкионер на ДУИ, Сафет Незири дали е можна влада помеѓу политичари со различна јавна реторика, кој пак вели сега не е важно кој што рекол, туку важно е да се најде излез од политичката криза.

НОВА: Платформа на спротиставени страни и можна влада со Никола Груевски?

Незири: Државниот интерес мора да се има во предвид. Не сакам да навлегувам на реториката на претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, бидејќи сите граѓани на Македонија мислам дека ја сфатија пораката не само на Груевски туку и на Али Ахмети и на Села и на останатите политички партии кои се во Собранието. Целта е да се најде заеднички излез од политичката криза во Република Македонија. Сега дали да навлегуваме во минатото кој што рекол, мислам дека ќе биде штетно за земјата. Единствената цел на сите политички субјекти во Република Македонија е да се има заеднички став и разбирање за потребите и барањата на сите што се застапени во Собранието.

НОВА: Кој ја иницираше заедничката платформа?

Незири: ДУИ веднаш по завршувањето на изборите имаше 15 точки од условите за влез во Владата кои треба да бидат реализирани, но не запоставајќи ги и другите политички партии кои имаа барања во нивните програми. Како резултат на тоа е произлезена платформата…за формирање на Владата.

НОВА: Средбите на албанските политичари во Тирана

Незири: Можеби имало потреба за координација на политичките партии во Македонија за да има унификација на платформата на албанските политички партии за формирање на Владата. Целта беше тие да бидат здружени.



Comments are closed.