Од:

Незири: Продолжениот мандат на СЈО зависи од преговорите за влада

Во кампањата гласно зборуваа за продолжување на мандатот на СЈО, но платформата на албанските партии се чини дека повеќе не ги рефлектира овие заложби. НОВАТВ побара одговори од членовите на ДУИ дали тие се залагаат за продолжување на мандатот на СЈО или не. Сафет Незири, долгогодишен пратеник и висок фунцкионер на ДУИ вели дека тоа ќе зависи од начинот на којшто ќе одвиваат преговорите и кој преговарач за владина коалиција (СДСМ или ВМРО-ДПМНЕ) ќе биде „подоминантен“.

НОВАТВ: Но, ВМРО-ДПМНЕ веќе порача – Нема продолжување на мандатот на СЈО?! 

Незири: За тоа, овој временски период од три недели е за составување на влада. Тука ќе седнат сите политички претставници и останува во овој временски период да се преговара да се знае каде, како и што. Кој ќе попушти и кој ќе биде доминантен во барањата, кои се реални потреби, дали станува збор за СЈО, дали за другите потреби на граѓаните на Македонија…овој временски период ќе видиме.