Од:

Нието: Мексико нема да го финансира ѕидот на Трамп

Мексико нема да го плати ѕидот на границата со САД што го планира Доналд Трамп, изјави мексиканскиот претседател Енрике Пења Нието. И додаде дека сака да ги одржи добрите односи со САД.

“Јасно е дека имаме неколку несогласувања со идната влада на САД како на пример ѕидот што Мексико, се разбира, нема да го плати”, рече тој.

Ова беше одговор на изјавата на Трамп кој рече дека американските даночни обврзници нема да го финансираат ѕидот. САД ќе го плати ѕидот но потоа Мексико ќе треба да ја врати сумата, рече Трамп. Според него тоа може да се направи на повеќе начини, преку данок на пример.

Мексиканскиот претседател зборуваше пред мексиканските амбасадори и рече дека нема да прифати одлика која е против интересите и достоинството на земјата.

“Ве уверувам дека ќе работиме да добри односи со САД и новиот претседател”, рече тој и додаде дека ќе бара договор кој ќе им даде гаранции на инвеститорите. И го повтори барањето до американската влада да се сопре нелегалниот шверц со оружје кој доаѓа од САД како и парите од криминални зделки, пари со кои се финансираат картелите во Мексико.