Од:

Нов лик на „Сан Сиро“: Милан го купи и Билја, за Лацио 17 милиони евра

Фото: Twitter

Милан не запира со активностите на фудбалскиот пазар. „Росонерите“ го претставија и осмото засилување во преоден рок. Нов лик во соблекувалната на Винченцо Монтела е Аргентинецот Лукас Билја. Играчот од средниот ред го мина лекарските прегледи и потпиша четиригодишен договор со клубот од „Сан Сиро“. Во градот на модата пристигна од Лацио за кого римјаните наплатија 17 милиони евра.

Милан е петти клуб во кариерата на Билја. Пред Лацио настапуваше за Андерлехт, Индепендиенте и Аргентинос јуниорс. Во дресот на „гаучосите“ одигра 5о натпревари и постигна еден гол.

Покрај него, „росонерите“ досега ги ангажираа Леонардо Бонучи од Јувентус, Андре Силва од Порто, Рикардо Родригез од Волфсбург, Франко Кеси и Андреа Конти  од Аталанта, Хакан Чалханоглу од Баер Леверкузен и Матео Мусачо од Вилјареал.

Но, според најавите на медиумите од Италија, тука нема да заврши шопингот на „росонерите“. Во намерата да комплетира силен напаѓачки тандем, Милан се поврзува со интерес за услугите на Андреа Белоти од Торино и Пјер Емерик Обамејанг од Борусија Дортмунд.