Од:

(ВИДЕО)Нов најефикасен меч во историјата на ЛШ: Борусија Д.-Легија 8:4

Монако и Депортиво ла Коруња (8:3) се минато. Лигата на шампиони на УЕФА вечерва го доби новиот најефикасен меч во историјата. Фудбалската „лудница“ на „Сигнал Идуна Парк“ во Дортмунд меѓу Борусија и Легија Варшава заврши 8:4 во корист на бундеслигашот. Погодоци како на филмска лента, натпревар за уживање во кој беа урнати неколку рекорди. Еден од нив вели дека за првпат во историјата на елитното натпреварување се постигнати пет гола во 24 минути, за првпат во историјата на ЛШ се постигнати седум гола за 32 минути и поместена е границата според брзината на нивно постигнување. Францускиот и шпанскиот клуб го сторија тоа за 47 минути во 2003 година.

Хет-трик реализира Марко Ројс (32 минута, 52 минута, 90+2 минута), два подогока впиша Шинџи Кагава (17 минута, 18 минута), листа на стрелци на страна на „милионерите“ ја продолжија и Нури Сахин (20 минута), Осман Дембеле (29 минута) и Феикс Паслак (81 минута). Половина од реализациите на полскиот клуб беа дело на Александар Пријовиќ (10 минута, 24 минута), другата половина ја поделија Михал Кухарчик (57 минута) и Немања Николиќ (83 минута).

Во вториот меч од групата Ф, Реал Мадрид како гостин го совлада Спортинг Лисабон со 2:1. Варане во 29 минута и Бензема во 87 минута погодија за „кралевите“, Силва од пенал во 80 минута го постига единствениот за португалскиот состав.

Две гостински победи во групата Х. Олимпик Лион славеше против Динамо Загреб на „Максимир“ со 1:0, Јувентус со 3:1 ја совлада Севилја.

Монако освои три бода во дуелот со Тотенхем (2:1), се зацврсти на лидерската позиција во групата Е и ја остави во игра ЦСКА Москва за пласман во нокаут фазата во Лига Европа.

Лестер ја забележа и четвртата победа во групата Г. Англискиот првак вечерва го совлада Бриж со 2:1 на својот „Кинг Пауер“ стадион и обезбеди европска пролет во шампионската Лига. Голови немаше само во Копенхаген каде истоимениот клуб играше со Порто.

Борусија Дортмунд – Легија Варшава 8:4

Спортинг Лисабон – Реал Мадрид 1:2

Монако – Тотенхем 2:1

Лестер – Бриж 2:1

Динамо Загреб – Олимпик Лион 0:1

 

Лига на шампиони

Резултати, 5. коло

Група Е

Монако – Тотенхем 2:1

ЦСКА Москва – Баер Леверкузен 1:1

Табела: Монако 11, Баер Леверкузен 7, Тотенхем 4, ЦСКА Москва 3.

Група Ф

Борусија Дортмунд – Легија Варшава 7:4

Спортинг Лисабон – Реал Мадрид 1:2

Табела: Борусија Дортмунд 13, Реал Мадрид 11, Спортинг Лисабон 3, Легија Варшава 1.

Група Г

Лестер – Бриж 2:1

Копенхаген – Порто 0:0

Табела: Лестер 13, Порто 8, Копехнаген 6, Бриж 0.

Група Х

Севила – Јувентус 1:3

Динамо Загреб – Олимпик Лион 0:1

Табела:  Јувентус 11, Севилја 10, Олимпик Лион 7, Динамо Загреб 0.