Од:

Нов скандал што може да го урне Доналд Трамп

Нови главоболки за Доналд Трамп.

Откако вчера беше откриено дека и дал тајни информации на Русија, денес Њујорк Тајмс пишува дека Трамп побарал од Џејмс Коми, директорот на ФБИ што беше отпуштен пред една недела, да престане со истрагата за Мајкл Флин, поранешниот советник на Белата куќа за национална безбедност. Истрагата требаше да утврди какви биле врските на Флин со Русија.

Њујорк Тајмс денес објавува една белешка на Коми. Во таа белешка Коми напишал дека во еден разговор со Трамп на 14 февруари претседателот му рекол: “Мислам дека врз оваа истрага не треба да се работи”.

Коми бил толку вчудоневиден од барањето на претседателот што одлучил тоа да го документира и да го сподели со високи функционери на ФБИ.

Флин мораше да даде оставка на 13 февруари, ден пред средбата на Коми со Трамп. Флин мораше да даде оставка затоа што не пријавил дека имал контакти со рускиот амбасадор во САД за време на изборната кампања. Во тие контакти се зборувало и за американските санкции кон Москва.

Белата куќа реагираше на текстот на Њујорк Тајмс и изјави дека «претседателот никогаш не побарал од Коми да ја затвори истрагата».

Сепак, овој нов скандал го става Трамп во многу незгодна позиција. Евентуалното барање на Трамп да се стави крај на една истрага може да се толкува како злоупотреба на позиција и пречки за судството.

Американците за прв пат се “за” импичмент на Трамп

Паблик Полиси Полинг денес објави нова анкета за можниот импичмент на Трамп во која се констатира дека 40 отсто Американци ја одобруваат работата на Трамп додека 54 отсто имаат негативен став.

За прв пат во една анкета 48 отсто Американци се за импичмент на претседателот а 41 отсто се против. Само 43 отсто гласачи сметаат дека Трамп ќе остане претседател до крајот на мандатот а 45 отсто сметаат дека нема.

Оттука се поставува прашањето дали може да дојде до барање за оставка од претседателот. Секоја процедура за импичмент треба да дојде од Конгресот.

Републиканците му се верни на Трамп и има малку шанси да дојде до процедура за оставка.

Но јавното мислење може да направи притисок врз Мич МакКонел, шефот на Републиканците во Сенатот, кој треба да оцени што е поважно – Трамп во Белата куќа или ставот на јавноста.

Според експертите, Трамп не треба од ништо да се плаши се додека ја има поддршката на Републиканците.

Опонентите на Трамп стравуваат дека сојузниците на Трамп ќе се колебаат пред да споделат разузнавачки информации со САД откако вчера беше откриено дека претседателот и дал такви информации на Русија. Според Њујорк Тајмс, овие информации на САД му го дал Израел а тие и биле дадени на Русија која е сојузник со Иран. А Иран е големиот непријател на Израел.



Comments are closed.