Од:

НОВА БАРА НОВИНАРИ – ДОПИСНИЦИ

Редакциите на порталите НОВА и Алмакос (албански јазик) имаат потреба од новинари – соработници од цела Македонија кои ќе бидат ангажирани во период од 12 месеци за известувања за актуелности, како и истражувања во сферата на локалната самоуправа во регионите кои би ги покривале.

Огласот не се однесува на новинари со место на живеење во Скопје. Апликантите треба да имаат најмалку 2 години работно искуство во печатени, телевизиски, радио или нови медиуми. Огласот е отворен до 15 фебруари 2014 година. Сите заинтересирани може да испратат свои биографии на следниве електронски пошти: [email protected] и [email protected] со назнака „за отворен конкурс за новинари дописници“.

Повеќе информации во врска со огласот може да се добијат на наведените електронски пошти со назнака „инфо за оглас за дописници“. Изборот на кандидати ќе го врши комисија составена од претставници на редакциите и надворешни соработници од организациите кои ги следат состојбите со медиумите во земјава.