Од:

Нова Дебата: Силата е во граѓаните, власта треба да ни служи нам


Во деветтото издание на #НоваДебата корисниците на фејсбук и Твитер ги соочивме со претставници на движењето #протестирам и Студентскиот пленум кои протестираат секој ден во 18:00 часот.

Гости- Александар Донев и Стефан Видиков.

Видиков ја информираше јавноста дека Студентскиот пленум изгласа присуство на протестот на 17 мај со дистинкција дека не сме дел од Граѓаните за Македонија или од опозициските партии, но имаме заедничка цел со нив. Имаме и дополнително барање: Да се ослободат од притвор нашите членови.

Донев ги повика граѓаните на будност, на широко отворени очи кон секоја власт, затоа што во нив е силата и тие се моторот на промените.