Од:

Нова Дебата :”ЗОШТО #ПРОТЕСТИРАМ?”


Во деветтото издание на #НоваДебата ве соочуваме со претставници на движењето #протестирам и Студентскиот пленум кои протестираат секој ден во 18:00 часот.

Александар Донев и Стефан Видиков ќе ги прашаме:
“ЗОШТО #ПРОТЕСТИРАМ?”

Оваа дебата е за јавноста која е активна на интернет. Затоа, ги очекуваме вашите прашања и коментари упатени кон гостите, тука, на овој настан на фејсбук или со хаштаг #НоваДебата на твитер.

Следете live stream на нашата веб страница,
www.novatv.mk.

Наша цел е важните општествени и политички прашања да ги изложиме на јавна дебата и да овозможиме граѓаните да дискутираат.