Од:

НОВА ТВ и Телма ТВ: Лансираме сатирично ТВ шоу- Контравести

НОВА ТВ во ко-продукција со Телма ТВ започнува сатирично шоу од недела, 29 ноември- Контравести.

За производството на Контравести “виновни” се талентираните писатели од Козаностра. Режисерската палка на Контравести е во рацете на Васил Христов, додека ѕвездите Ирена Ристиќ, Јовица Михајловски и Дритрон Аме се актерите кои ќе ги соопштуваат Контравести.

Подготвени? 🙂

Posted by Контра вести on Friday, 27 November 2015

Контравести се во војна против:
– лагите,
– манипулациите,
– говорот на омраза,
– предрасудите,
– нетолеранцијата,
– дискриминацијата…

Нашето оружје се хуморот и сатирата.

Наша цел е поттикнување на критичко размислување и елиминација на стравот кај граѓаните, како и воспоставување на принципот на понесување одговорност од политичарите и функционерите за своите постапки.

НИКОЈ НЕ Е ИМУН НА КРИТИКА!