Од:

НОВА ви ја претставува 5.епизода од сатиричните „Контравести“


Продукцијата на НОВА ви ја прикажува петтата епизода од сатиричното шоу „Контравести“ со актерката Ирена Ристиќ.

Во оваа епизода, Контравести се осврнува на личните карти, зборува за демантите но и за премиерот Груевски и гоцевата тераса, како и за министерот Тодоров и проектот „Купи куќа за млади“! Гостин во ова издание е новинарот Мухамед Зекири.

Режисер на ова сатирично шоу е Васил Христов. За сценариото е одговорен тимот на контрашите. Во улогата на шминкерот кој ги познава сите светски заговoри се појавува Јовица Михајловски, а експерт е актерот Дритеро Аме.

Контравести се во војна против:
– лагите,
– манипулациите,
– говорот на омраза,
– предрасудите,
– нетолеранцијата,
– дискриминацијата…

Нашето оружје се хуморот и сатирата.

Наша цел е поттикнување на критичко размислување и елиминација на стравот кај граѓаните, како и воспоставување на принципот на понесување одговорност од политичарите и функционерите за своите постапки.

Утре на протест во 17 часот пред Владата за почист воздух, ок? Сите не тангира ова прашање!